Македонија Лекарите од дигестивна денеска јавно ќе го изразат својот револт

Лекарите од дигестивна денеска јавно ќе го изразат својот револт

Лекарите од Клиниката за дигестивна хирургија утрово имале состанок на кој, како што ни рече директорот Александар Караѓозов, решиле да го искажат својот револт по завчерашниот инцидент, во кој беше пукано и беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ.

Караѓозов вели дека во текот на денешниот ден ќе испратат писмено соопштение до медиумите во кое ќе ги изнесат своите ставови.

– Денеска ќе објавиме соопштение во кое ќе изразиме јавен револт – рече Караѓозов.

Директорот на Клиниката не сакаше да прецизира на кој начин ќе го изразат револтот, дали ќе испорачаат конкретни барања и дали, евентуално, ќе ја запрат работата и операциите на клиниката.

Тој истакна дека не станува збор за протест, туку за искажување револт по настанот во понеделникот.