Македонија ЛДП: Партиите и институциите да покажат зрелост и да се направи брз...

ЛДП: Партиите и институциите да покажат зрелост и да се направи брз трансфер на власта

Либерално-демократската партија денеска ги повика сите политички субјекти и институции во Македонија да покажат зрелост и да се изврши брз и мирен трансфер на власта.

„Процесот на формирање ново парламентарно мнозинство мора да биде поврзан со формирањето на нова влада во Македонија и тоа што е можно поскоро. Демократските процеси во државата мора да продолжат. Сите заеднички мора да се посветиме на формирање нова реформска влада, чиј приоритет ќе бидат заздравувањето на економијата и европската агенда, а не национализмот, поделбите по етничка и по партиска припадност“, стои во соопштението од ЛДП.

Од партијата истакнувааат дека по изборите на 11 декември лани, граѓаните посакаа промени, реформи, подобар животен стандард, но и стабилна, евроатлантска перспектива на Македонија.