Македонија ЛДП: Груевски повторно се обидува да ја манипулира македонската јавност

ЛДП: Груевски повторно се обидува да ја манипулира македонската јавност

Премиерот Никола Груевски повторно се обидува најдрско и лицемерно да ја манипулира македонската јавност и меѓународната заедница, најавувајќи „План за нови реформи за европска интеграција на РМ“, што е уште една негова срамна и патолошка реакција на крајно сериозниот извештај на Рејнхард Прибе, реагираат од опозициската ЛДП.

„Човекот кој ја има најголемата заслуга што Македонија денес се соочува со срамно губење на препораката за членство во ЕУ, сето тоа поради неговата желба суверено и криминално, без право и правда, да владее со Македонија и со нејзините граѓани, денеска ја засмејува јавноста со неговите изјави дека ќе се бори против сите работи што тој ги инсталира во државата и служат како единствен извор на неговата моќ“, пишува во соопштението на партијата.