Свет Европа Лавров: Киев сака да не успее договорот од Минск

Лавров: Киев сака да не успее договорот од Минск

Русија стравува дека многумина во Киев, но и некои надвор од Украина, сакаат мировниот договор на истокот на земјата да пропадне, рече во средата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија ги повика набљудувачите на ОБСЕ да го надгледуваат повлекувањето на тешкото оружје од истокот на Украина во согласност со мировниот договор постигнат на 12 февруари во Минск.

Проруските сепаратисти тврдат дека почнале да се повлекуваат, со официјален Киев вели дека украинските воени сили нема да го направат тоа додека не престанат судирите и оти бунтовниците го користат примирјето за да продолжат со военото напредување.

– Голем дел во овој момент зависи од искрениот, објективниот и од непристрасниот пристап на целата работа. Тие мора да забележат што се случува на теренот за заедно да успееме да ги спречиме обидите договорот од Минск да се прикаже како нешто што веќе пропаднало – рече Лавров.