Свет Свет Лавров: Америка греши што не сака да биде со нас против терористите

Лавров: Америка греши што не сака да биде со нас против терористите

Русија е подготвена да понуди поддршка во вид на воздушни напади, за да им помогне на сириските опозициски сили, како што е Слободната сириска армија која се бори против Исламската држава, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Највискиот руски дипломат, исто така, истакна дека Вашингтон прави голема грешка со тоа што одбива да ги координира своите напади со антитерористичката кампања на Москва.

Според него, Русија никогаш не престанала да работи ниту со сирискиот претседател Башар ал Асад, но ниту со сириската опозиција.

– Верувам дека ние сме единствената земја што ја ги поддржува сите политички сили во Сирија – изјави министерот Лавров.

Русија апочна со воздушни напади на Исламската држава во Сирија на 30 септември.