Свет Европа Лавров: Ако Шведска влезе во НАТО, Русија ќе преземе мерки

Лавров: Ако Шведска влезе во НАТО, Русија ќе преземе мерки

Москва ќе ја почитува евентуалната одлука на Шведска за приклучување во НАТО, но ќе преземе мерки како одговор на военото приближување на Алијансата до руските граници, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој во интервју за весникот „Дагенс најхетер“ објасни дека мерките се неопходни со оглед на тоа што НАТО е воено-политичка организација која гледа на Русија како на закана.

Според него, иако во НАТО и во Шведска сè поголема е таканаречената „русофобија“, Москва никогаш не размислувала да преземе некакви воени активности.