Македонија Лавина од снег го блокираше патот Маврово – Дебар

Лавина од снег го блокираше патот Маврово – Дебар

Поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива наизменично по една коловозна лента.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека лавината се наоѓа кај местото викано „Врбјанска раскрсница“ и оти се појавила околу 13.20 часот

Ова е втор пат овој патен правец за кратко време да го блокира лавина. Пред извесно време лавина со снег имаше кај Бигорскиот манастир.