Економија Лани компаниите реализирале промет околу 17 милиони евра

Лани компаниите реализирале промет околу 17 милиони евра

Лани, 54.431 деловен субјект во Македонија реализирале вкупен промет од 17.316.520 евра и созделе додадена вредност од 3.702.504 евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во истиот период тие вработиле 368.067 лица.

„Во споредба со 2014 година, бројот на претпријатија се зголеми за 1,3 отсто, а зголемување е забележано и во бројот на вработени за 4,2 проценти и додадената вредност за 6,8 проценти“, соопшти Државниот завод за статистика.