Економија Лани 1.061 објект биле бесправно изградени

Лани 1.061 објект биле бесправно изградени

Во земјава во текот на минатата година, бесправно биле изградени 1. 061 објект, објави Државниот завод за статистика.

Според видот на објектите, бесправно се изградени 232 објекти за домување, 163 доградби, надградби и адаптации, 104 деловни објекти и 82 гаражи.

Според податоците на ДЗС, најголем дел од дивоградбите, односно 98,4 проценти, се приватна сопственост.