Економија Лагард: Подготвена сум да останам шеф на ММФ, но тоа не е...

Лагард: Подготвена сум да останам шеф на ММФ, но тоа не е моја одлука

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, изјави денеска дека не е исклучено поради истекувањето на мандатот, ова да бидат нејзините последни годишни средби на позицијата шефица на ММФ.

– Ова би можело да бидат мои последни годишни состаноци. Подготвена сум да останам прв човек на ММФ, но тоа не е моја одлука, туку на членството – изјави Лагард на конференцијата во Лима, во рамките на есенските редовни средби на ММФ и на Светска банка.

Кристин Лагард е прва жена на таа позиција, а на функцијата шефица на ММФ стапи во јули 2011 година, со мандат од пет години, откако претходниот директор, Доминик Строс Кан, поднесе оставка.