Свет Европа Курц: Иако имаше обид за пуч, Турција мора да ја почитува правната...

Курц: Иако имаше обид за пуч, Турција мора да ја почитува правната држава

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц, повика на трезвеност на властите во Турција и укажа дека обидот за пуч не претставува бланко овластување за произволност.

– Човечките животи мора да се штитат, правната држава и демократијата мора да се почитуваат – порача Курц.

Тој посебно му се обрати на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека овој пуч не смее да биде искористен како овластување за дејствување спротивно на правната држава.

– Потребно е во Турција да владејат законот и правната држава – нагласи Курц.

Тој ги осуди пучистите, истакнувајќи дека нивното дејствување, особено убивањето луѓе, дефинитивно не може да се оправда.

Курц додаде дека обидот за државен удар не бил сосема неочекуван.

– Сите ние знаеме дека постоеја отпори и не само надвор, туку и во самата Турција, поради авторитарниот стил на владеење на Ердоган. Меѓутоа, на така организиран воен пуч не можеше да се смета – вели Курц.