Свет Балкан Курц: И Црна Гора може да стане дел од мигрантската рута

Курц: И Црна Гора може да стане дел од мигрантската рута

Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, не ја исклучи можноста и Црна Гора да стане дел од транзитната рута за мигранти ако Австрија ги затвори границите.

Бегалската криза беше една од темите на состанокот на Курц со црногорскиот министер за надворешни работи и за европска интеграција, Игор Лукшиќ.

– Сепак, Црна Гора не е ниту крајна, ниту транзитна држава за мигрантите и за бегалците – рече Курц, потсетувајќи дека Австрија воведе квоти за влез на бегалци на своја територија.