Свет Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

Курдите против планот на Турција за „безбедносна зона“ во Сирија

„Безбедносната зона“, која САД и Турција ја планираат во Сирија, е обид на Анкара да ги запре Курдите во нивниот обид да воспостават своја територија, изјавил за „Би-Би-Си“ лидерот на турската прокурдска партија, Селахатин Демиртас.

Според Демитрас, операциите на Турција против милитантите на Исламска држава (ИД) долж граничната линија со Сирија е само параван за нападите на Анкара врз курдските бунтовници.

Тој истакнал дека е потребно Турција и Курдската работничка партија (ПКК) да ги обноват мировните процеси, можност што Анкара претходно ја отфрли, поради неодамнешните судири меѓу турските сили и бунтовниците на ПКК.

Турција, исто така, беше цел на напади од милитанти поврзани со ИД, вклучувајќи го и бомбашкиот напад во градот Суруч, во кој загинаа 32 лица.

За Анкара, и ИД и ПКК се терористички организации.

Инаку, САД претходно потврдија дека разговараат со Турција за заедничка воена кампања против ИД во Сирија.