Хроника Кумановец осомничен за серија кражби на накит и на возила

Кумановец осомничен за серија кражби на накит и на возила

Триесет и деветгодишен кумановец е осомничен за серија тешки кражби и за четири кривични дела одземање моторно возило, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, станува збор за С.М., кој во текот на јуни оваа година извршил три тешки кражби во куќи, од каде однел златен и сребрен накит, мобилни телефони и разни предмети. Кумановец, исто така, се товари дека украл еден автомобил и три мотоцикли.

Според полицијата, штетата што осомничениот им ја нанел на сопствениците на куќите и на возилата била проценета на околу 234.000 денари, односно околу 3.800 евра.