Свет Балкан КСБ се спремни за трансформација во војска, тврди Рустем Бериша

КСБ се спремни за трансформација во војска, тврди Рустем Бериша

Косовските сили за безбедност (КСБ) се подготвени да се трансформираат во војска, изјави вчера косовскиот министер за безбедносни сили, Рустем Бериша, пред одборот за внатрешни прашања и безбедност на косовскиот парламент.

Бериша на пратениците им соопштил дека Косовските сили за безбедност го исполниле својот мандат и дека постигнале оперативни капацитети.

– Силите се подготвени да се трансформираат во војска. Локалните и меѓународните експерти прават планови за оружје и за опрема – рече Бериша.