Хроника Кривична пријава за велештанец поради поседување кокаин

Кривична пријава за велештанец поради поседување кокаин

Струшката полиција поднела кривична пријава против А.Б. (27) од струшкото село Велешта, кој се товари за недозволена трговија со дрога и за поседување оружје.

Како што информираат од полицијата, на 2 мај оваа години, при претрес на неговиот дом, полицијата пронашла неколку мали најлонски пакувања со кокаин, семе од „канабис сатива“ (марихуана) и неколку куршуми со различен калибар.

Дел од пакувањата со кокаин и муницијата биле пронајдени во семејната куќа на осомничениот, а дел во автомобил марка „даихатсу“, паркиран во дворот од куќата.