Хроника Кривична против кумановец поради обид за убиство

Кривична против кумановец поради обид за убиство

Четириесетгодишен кумановец е осомничен дека кон крајот на мај, со нож нападнал и избодел 10 години помлад сограѓанин, по расправија во кафуле во градот.

Кумановската полиција, против И.Ш. (40) поднела пријава со која тој се товари за обид за убиство.

Инцидентот се случил на 28 мај оваа година, пред „Ретро кафе“, каде осомничениот, по претходна расправија, со нож го нападнал А.М. (29) и му нанел убодна рана во вратот и расекотина на грбот.

Напаѓачот веднаш побегнал од местото, а повредениот бил пренесен во локалната општа болница, каде лекарите констатирале телесни повреди.