Подглавна секција Кривична пријава за тетовец оти лажно дојавил дека има бомби во Делчево

Кривична пријава за тетовец оти лажно дојавил дека има бомби во Делчево

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (63) од Тетово за сторено кривично дело „тероризам. Тетовецот пред 10 дена од својот мобилен телефон се јавил во полициската станица во Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби.

„Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети. По преземени мерки и активности, на 22 овој месец С.Ѓ. бил лишен од слобода и во полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картички“, извести МВР.