Македонија Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар

Кривична пријава за стружанец поради предизвикување пожар

Пријавениот запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац

Фото: МВР

Поднесена е кривична пријава против 43-годишниот А.М. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти полицијата.

Пријавениот, на 8. септември годинава на земјен пат во селото Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото. Огнот потоа се проширил и на друг плац во кој имало барака во сопственост на друго лице.