Хроника Кривична пријава за напаѓачот што си го уби братот во центарот на...

Кривична пријава за напаѓачот што си го уби братот во центарот на Кичево

Кичевската полиција поднела кривична пријава против А.С. (42) селото Другово, осомничен дека вчера попладне со неколку убоди со нож го убил сопствениот брат Арун С.(46) во центарот на градот, информира полицијата.

Тој, според пријавата, се товари за убиство и за обид за убиство.

Нападот се случи вчера, околу 16 часот, на градскиот плоштад во Кичево.

Според полицијата, осомничениот во тоа време ги забележал својот брат Арун С. и неговата сопругата, им се доближил од зад грб и ги нападнал со нож.

Тој на својот брат му нанел тешки повреди, а потоа ја нападнал и снаа си.

Повредените биле пренесени во медицинскиот центар во Кичево, каде Арун С. и покрај настојувањето на лекарите, починал.

Кратко време по нападот, полицијата го пронашла и го привела осомничениот.