Македонија Кривична пријава против вработена во скопска осигурителна компанија за измама и фалсификување...

Кривична пријава против вработена во скопска осигурителна компанија за измама и фалсификување документ

Пријавената со лажни прикажување на факти ја измамила оштетената, убедувајќи ја дека доколку ѝ ги даде парите добиени по основ осигурително осигурување, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување

Фото: Image by Andreas Breitling from Pixabay

Скопјанка се сомничи дека како вработена во осигурителна компанија, во периодот од 2020 до 2021 година, со лажно прикажување на факти измамила оштетена, убедувајќи ја дека доколку ѝ даде пари добиени по основ осигурително осигурување во износ од 120.000 денари, може да ѝ го зголеми износот на оштетеното побарување, соопшти МВР.

Против 44-годишната Т.П.М поднесена е кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа.

„Откако ја довела во заблуда оштетената и ги добила парите од неа, пријавената изготвила и со свој печат и потпис, заверила лажен документ на осигурителната компанија, со кој потврдила дека наводно парите се уплатени на сметка на компанијата за потребите на предметот за повторно разгледување и одобрување на поголем износ од оштетеното побарување“, информираа од МВР.