Uncategorized Кривична пријава против велешанец оти се обидел да прегази полицајци

Кривична пријава против велешанец оти се обидел да прегази полицајци

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против 34-годишен велешанец, осомничен дека со камион со лажни регистарски таблички, се обидел да прегази полицајци.

Според полицијата, велешанецот Е.Н. е осомничен за фалсификување личен документ и за напад врз службено лице при вршење работи во безбедноста.

Инцидентот се случил на почетокот на овој месец, кога на регионалниот пат Богданци – Валандово, осомничениот одбил да запре на знак на полициската екипа, која вршела контрола, и со камионот тргнал кон нив, со намера да ги прегази. Тој продолжил да се движи по земјен пат, а потоа го оставил товарното возило и побегнал.

Полицијата успеала да го пронајде осомничениот, а по извршената контрола, било утврдено дека на камионот велешанецот имал поставено регистарски таблички од патничко возило.