Хроника Кривична пријава против битолски разбојник

Кривична пријава против битолски разбојник

Дваесет и деветгодишен битолчанец е осомничен дека минатиот месец ограбил две сограѓанки и со нивните платежни картички се обедил да подигне пари од банкомат.

Како што информираат од полицијата, против Р.Е. е поднесена кривична пријава за разбојништво, оштетување и за неовластено навлегување во компјутерски систем.

Осомничениот, на 19 и 22 ноември, на улицата 25 Мај, во битолската населба Карпош, со употреба на физичка сила им ги одзел чантите на своите жртви, предизвикувајќи штета од 8.000 денари.

Истиот ден, на 22 ноември, тој се обидел со платежните картички да подигне пари од банкомат.