Свет Европа Крим: Вонредна состојба поради недостиг од струја

Крим: Вонредна состојба поради недостиг од струја

На полуостровот Крим е воведена вонредна состојба поради недостиг од електрична енергија со која Крим се снабдува од Украина.

Локалните власти сметаат дека станува збор за напад на далновод во Украина.

– Крим е во мрак – изјави Виктор Плакида, директор на компанијата „Енергија Крим“.

Русија во март минатата година го анектираше Крим од Украина, што резултираше со меѓународни санкции против неа.