Хроника Кражби во Тетово, украдени накит и пари

Кражби во Тетово, украдени накит и пари

Разновиден златен накит, нараквици, прстени и друго, украдени се вчера во куќа на 63-годишен жител од тетовско Жеровјане. Засега непознати сторители ја скршиле бравата, влегле во куќата, целосно ги пребарале сите простории и од регал во една од спалните на вториот кат од куќата, поточно од украсно куферче, освен златен накит, одзеле женски часовник, бижутерија, 200 швајцарски франци. Со одземеното, незабележани од никого, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи имотна корист која се проценува на 180.000 денари.

Засега непознати сторители извршиле кражба и во станот на 31-годишниот тетовец Н.Ј, лоциран на улица 180 во Тетово. Откако целосно ја пребарале внатрешноста на станот, од комода во спалната соба одзеле околу 300 евра, а од дневната соба телевизор и лаптоп, по што незабележани се оддалечиле од станот. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки и активности за расчистување на кражбата.