Економија Кратово ќе добие индустриска зона до средината на 2015 година

Кратово ќе добие индустриска зона до средината на 2015 година

Индустриската зона ќе биде можност бизнисмените да инвестираат во нови погони и да отвораат нови работни места, рече Ставрески

Индустриската зона во Кратово, еден од крупните инфрастриктурни проекти финансиски поддржани од Владата, ќе биде готова до средината на 2015 година, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по вчерашната средба со градоначалникот Мите Андоновски и со советниците во општината.

– Индустриската зона во кругот на фабриката „Иднина-змеј“ треба да биде готова до средината на следната година. Таму ќе може бизнисмените да инвестираат во нови погони и да отвораат нови работни места – рече Ставрески.

Тој и градоначалникот Андоновски, најавија реализација на нови инфраструктирни зафати, од кои за дел веќе е обезбедена финансиска поддршка од Владата.

Градоначалникот на Кратово рече дека Општината ќе бара и други извори на финансисрање, како ИПА-фондовите за прекугранична соработка, донации од амбасади и од Агенцијата за подршка на земјоделството и на руралниот развој.

Вицепремиерот и министер за финансии, Ставрески, вчера присуствуваше и на завршувањето на работите околу сананцијата на свлечиштето во Кратово, проект за кој Владата одвои 58 милиони денари.