Свет Европа Кралската жалост ќе трае седум дена по погребот на кралицата Елизабета Втора

Кралската жалост ќе трае седум дена по погребот на кралицата Елизабета Втора

Голем број на граѓани оставаат свежо цвеќе пред Бакингемската палата во Лондон по смртта на кралицата Елизабета Втора | Фото: Katie Chan, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

По смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, кралот Чарлс Трети побарал периодот на кралската жалост да трае седум дена по нејзното погребување, соопшти Кралското семејство, не прецизирајќи кога точно ќе се одржи самиот погреб.

Оттаму додаваат дека знамињата во кралските резиденции се на половина копје од вчера 8 септември, и ќе останата така до осум часот наутро по последниот ден од кралската жалост.

Во Хајд парк во Лондон ќее бидат испукани 96 истрели од топови, по еден за секоја година на живот на кралицата.

По погребот на кралицата ќе бидат затворени за јавност кралските резиденции, а ова ги вклучува кралската галерија во Бакингемската палата, како и во Единбург, замокот Балморал и Сандригам, како и приватниот имот на кралицата. Воедно, и замокот Хилсбороу во Северна Ирска ќе биде затворен.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, кралското семејство даде и насоки за членовите на јавноста кои сакаат да остават свежо цвеќе. Исто така, подготвена е и онлајн книга за сочувство. Сите оние кои сакаат да остават порака по смртта на кралицата можат да го направат тоа на следниот линк: https://www.royal.uk/send-message-condolence.