fbpx

Почина кралицата Елизабета Втора, монарх со најдолг стаж во историјата на Обединетото Кралство

-

Кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора, почина денеска на 96 години, откако владееше 70 години и беше монарх со најдолг стаж, објави Би-би-си.

Таа почина во замокот Балморал во Шкотска, каде кралското семејство се собра денеска поради загриженост за нејзиното здравје.

Кралицата Елизабета Втора го наследи тронот во 1952 година и беше сведок на огромни општествени промени.

Со нејзината смрт, нејзиниот највозрасен син Чарлс, поранешниот Принц од Велс, ќе ја предводи земјата која е во жалост, како нов крал и шеф на државата во 14 земји членки на Комонвелтот.

Бакингемската палата соопшти: „Кралицата почина мирно во замокот Балморал ова попладне. Кралот и неговата сопруга ќе останат во Балморал оваа вечер и ќе се вратат во Лондон утре“.

Новиот крал Чарлс, во соопштение до јавноста посочи дека семејството длабоко жали за смртта на Кралицата.

„Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство“, се вели во соопштението на Кралот Чарлс.

„Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и безброј луѓе ширум светот. Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе бидеме утешени знаејќи за почитта и длабоката наклонетост кон Кралицата, која беше толку широко прифатена“, се додава во соопштението од новиот Крал.


Сите деца на кралицата отпатуваа во Балморал, близу Абердин, откако докторите ја ставија кралицата под медицинска присмотра.

Нејзиниот внук, принцот Вилијам, исто така е таму, а неговиот брат принцот Хари е на пат кон Шкотска.

Владеењето на кралицата Елизабета Втора беше проследено со пост-воено штедење, транзиција од империја во Комонвелт, крај на Студената војна, како и влезот и излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија.

Официјален портрет на кралицата Елизабета Втора, 1959 г. | Фото: Unknown / Library and Archives Canada, CC BY 2.0, Викимедија комонс

Таа доживеа 15 британски премиери почнувајќи од Винстон Черчил, роден во 1874 година, па сè до Лиз Трас, родена 101 година подоцна, во 1975 година, и назначена од страна на кралицата во текот на неделава што изминува.

За време на нејзиното владеење таа одржуваше неделни состаноци до премиерите.

Во Бакингемската палата во Лондон, луѓето кои беа собрани чекајќи информации за состојбата на кралицата, почнаа да плачат откако слушнаа за нејзината смрт. Знамето на Унијата кое се вее над палатата беше спуштено на пола копје точно во 18:30 часот по локално време.

Кралицата беше родена како Елизабета Александра Мери Виндзор, во Мејфер, Лондон, на 21 април, 1926 година.

Малкумина можеа да предвидат дека таа ќе стане монарх, но во декември 1936 година, нејзиниот чичко, Едвард Осми, абдицираше од тронот за да се ожени за два пати разведената Американка, Валис Симпсон.

Таткото на Елизабета постанал кралот Џорџ Шести и, на 10 годишна возраст, Лилибет, како што била нарекувана во семејството, постанала наследничка на тронот.

ИзворБи-би-си

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...