Свет Европа Кралицата Елизабета ќе го покани Трамп да ја посети Велика Британија

Кралицата Елизабета ќе го покани Трамп да ја посети Велика Британија

Кралицата Елизабета ќе го покани новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да ја посети Велика Британија следната година, за да ги потврдат блиските врски меѓу двете земји, јавуваат светските медиуми.

Договорите за посета на претседателот Трамп на Велика Британија ќе почнат наскоро, за посетата да се реализира во јуни или во јули следната година.

По победата на претседателските избори, Трамп ја поканил британската премиерка Тереза Меј да ги посети Соединетите Американски Држави иако датумот сè уште не е потврден.