Свет Европа Крајбрежната стража презеде контрола на бродот „Езадин“

Крајбрежната стража презеде контрола на бродот „Езадин“

Припадници на крајбрежната стража успеаjа да преземат контрола над трговскиот брод без екипаж, откако на него слетале со хеликоптер кој беше испратен во акција за спасување на мигрантите, соопшти италијанската крајбежна стража.

Италијанската крајбрежна стража ќе го однесе бродот до италијанско пристаниште. На бродот „Езадин“, кој плоевл под знамето на Сиера Леоне, се наоѓаат 450 имигранти.
– Знаеме дека бродот тргнал од едно турско пристаниште и дека неговиот екипаж го напуштил – рече портпаролот на италијанската крајбрежна служба, Филип Марини. Тој додаде дека бродот се движел кон брегот на Италија и дека му снемало гориво, а дека националноста на имигрантите е сè уште непозната.