Хроника Крадец провалил во две цркви во Битола

Крадец провалил во две цркви во Битола

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во две цркви во Битола и украл околу 6.000 денари, информираат од полицијата.

Станува збор за црквите „Свети Јован Крстител“ и „Свети Јован Богослов“, во кои крадецот провалил со помош на погоден алат. Од црквата „Свети Јован Крстител“, крадецот однел прибор и масло за јадење, со што стекнал противправна имотна корист од околу 6.000 денари, велат од полицијата.

Причинетата материјална штета била проценета на околу 3.000 денари.

Полицијата засега нема осомничен.