Хроника Крадец однел плен вреден 5.000 евра од стан во Скопје

Крадец однел плен вреден 5.000 евра од стан во Скопје

Непознат сторител, во петокот минатата недела, провалил во стан во населбата Скопје Север и однел плен чија вредноста била проценета на околу 300.000 денари, односно околу 5.000 евра.

Според полицијата, од станот, сопственост на Д.Д. (45), крадецот однел 4.000 евра, златен накит, рачен часовник, фотоапарат и два клуча од автомобил.

Полициски екипи извршиле увид на местото и преземаат мерки за откривање на сторителот.