Свет Балкан Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година

Коѕиас: Спорот за името може да биде решен оваа година

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас денеска изјави дека спорот за името може да биде решен оваа година, јавуваат светските агенции.

– Мислам дека 2018 ќе биде годината во која ќе бидат решени надворешно-политичките прашања кои се заглавени со децении – изјавил Коѕиас по двочасовниот министерски состанок, кој според грчките медиуми вонредно го закажа премиерот Алексис Ципрас и на кој тема било прашањето за името.

Коѕиас изјавил дека е оптимист во врска со спорот за името со Македонија и дека грчката страна преговара и се залага за сложено името за севкупна употреба.