Македонија Коѕиас: Поголемиот дел од јавноста ја поддржува Преспанската спогодба

Коѕиас: Поголемиот дел од јавноста ја поддржува Преспанската спогодба

Поголемиот дел од јавноста во Грција ја поддржува Преспанската спогодба, рече денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за спогодбата меѓу Македонија и Грција за разрешување на спорот.

– Поголемиот дел сметаат дека го разрешивме спорот со Скопје. Има нови анкети. Претходно преовладуваа тие што се сомневаат дека е тоа, но сега е поголем бројот на оние што нè поддржуваат. Соодносот е 47 проценти наспрема 44 проценти- рече Коѕиас.