Свет Балкан Коѕиас на „Твитер“: Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот

Коѕиас на „Твитер“: Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, по завршувањето на средбата помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос на „Твитер“ напиша дека ставаат крај на иредентизмот.

Во грчките медиуми се коментира дека објавата е напад и критика до опозициската Нова демократија.

„Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции“ напиша Коѕиас.