Здравје Регистрирани 511 нови случаи на ковид-19, 34 отсто од тестираните се позитивни

Регистрирани 511 нови случаи на ковид-19, 34 отсто од тестираните се позитивни

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Петстотини и единаесет нови случаи на ковид се регистрирани во последните 24 часа, од вкупно направени 1.489 тестови, што покажува дека 34,4 отсто од тестираните се позитивни, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 129 реинфекции. Евидентирани се и 264 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на 5 јули“, наведено е во соопштението од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.