Македонија Ковачевски нема да има средба со Лавров

Ковачевски нема да има средба со Лавров

Премиерот Ковачевски истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на Русија врз Украина

Фото: Порталб.мк

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ изјави дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на Русија врз Украина.

Ковачевски се надева дека на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе бидат донесени важни одлуки, и тоа дека ќе се избере нов претседавач на ОБСЕ за наредната година, ќе се изберат најзначајните четири функции во ОБСЕ како и се усвои буџетот на организацијата за догодина.

„Некои го прават со нивно неприсуство, но некои со присуство и јасно искажани ставови за руската агресија. Истото ќе го направам и јас со моето излагање“, изјави Ковачевски.