Македонија Ковачевски: Големината на човекот е во простувањето

Ковачевски: Големината на човекот е во простувањето

Фото: Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, дeнеска упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод и до сите православни верници кои го празнуваат празникот. Како што е наведено во честитката д премиерот, пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето.

„Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин“, вели Ковачевски во честитката.

Во неа е наведено дека меѓусебното разбирање и почит се основата, како што вели Ковачевски, „за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности.“