Македонија Коцијанчич: За ЕК сè уште важи 2 јуни, Брисел итно бара договор

Коцијанчич: За ЕК сè уште важи 2 јуни, Брисел итно бара договор

Запрашана за реакција по прес-конференцијата на Зоран Заев, на која тој изјави дека преговорите се неуспешни, Европската комисија преку својата портпаролка, Маја Коцијанчич за „Мета“ изјави:

„Нашиот став е прилично јасен: итно ги повикуваме партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните. Договорот од 2 јуни ја нуди потребната основа, а останува уште едно крупно прашање да се договори. Нема време за губење“, рече Коцијанчич.

Прашањето што останува да се договори е најверојатно составот на преодната влада. Заев не се изјасни околу тоа дали договорот од 2 јуни сè уште го смета за валиден, но најави продолжување на „бомбите“, чие стопирање беше една од точките во договорот од 2 јуни.

Т.М.