Македонија Коцијанчич: Владата и опозицијата заедно да работат на реформите

Коцијанчич: Владата и опозицијата заедно да работат на реформите

Европската Унија ги поддржува реформските напори во Република Македонија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, додавајќи дека Брисел испратил јасна порака што очекува од Македонија на претстојните избори.

– Јасно ставивме на знаење дека новата Влада и позицијата треба да ги остават поделбите настрана и да работат заедно на имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино, за да се врати земјата на евроатлантскиот интеграциски пат – рече Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на опозицијата дека Владата се подготвува да ги лажира изборите преку злоупотреба на државните овластувања и капацитети.

Таа повтори дека ставот на Брисел е дека единствен начин за придвижување нанапред е преку спроведување на реформите.