Македонија Котевски: Ванхауте знае кого и колку притиска

Котевски: Ванхауте знае кого и колку притиска

„Преговорите се живи и разговорите се во тек, но за тоа најубаво да го прашате посредникот во разговорите, Питер Ванхауте“, вели и денеска директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

На прашање на „Мета“ дали во билатералните средби што посредникот ги има со партиите, поголем е притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ, Котевски вели дека за да го коментира тоа, треба да знае дали и каков притисок има во таборот на СДСМ и за ова прашање повторно упатува на Ванхауте.

Од СДСМ, сепак, велат дека „мали се шансите да се реализира Договорот од Пржино“.

Од партијата додаваат дека поголем притисок има владејачката партија и поради тие причини олеснувачот повеќе средби има со ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата засега не најавуваат никакви активности и велат дека во наредните денови ќе соопштат кои ќе бидат нивните наредни чекори.

Прашањата што моментално ги кочат преговорите се надлежностите на министрите во техничката влада и тимот на специјалната јавна обвинителка.

Како што е познато, Владата сè уште не го одобрила буџетот за специјалната обвинителка и не се дефинирани просториите на новото обвинителство.