Македонија Котевски останува директор на „Шутка“ до завршување на претседателските избори

Котевски останува директор на „Шутка“ до завршување на претседателските избори

Владата на 123. седница го констатираше поднесувањето на оставката од страна на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, информираат од таму.

„Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.

Премиерот Зоран Заев побара оставка, а Котевски ја прифати по инцидентот во затворот кога приведените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, наводно беа нападнати од други затвореници.