Македонија Костовски: Заев е виновен за „Пуч“, има цврсти докази против него

Костовски: Заев е виновен за „Пуч“, има цврсти докази против него

Зоран Заев знае дека е виновен за случајот „Пуч“ и има цврсти докази против него и против Зоран Верушевски, и затоа втора недела молчи за аболицијата што му ја подари Катица Јанева, исто како што молчеше и за случајот „Глобал“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека „со оваа одлука СЈО и Катица Јанева само потврдиле дека се работи за класична политичка испостава која по директива мораше да го заштити чадорот кој протекува од сите страни“.

– За каква фактичка состојба говори СЈО, кога крајно непрофесионално не ги зеде предвид фактите и доказите кои целата јавност ги виде – изјави Костовски.

Според него „за предметот „Пуч“ имаше правосилен обвинителен акт, поткрепен со бројни докази на кои работеа органите на прогонот“.

– СЈО покажа дека не било формирано да го расчисти нелегалното прислушување, туку за да го спасува криминалецот Зоран Заев и организацијата што ја направи Верушевски, кои две и пол години ја држеа нашата држава во заложништво – истакна Костовски.