Свет Балкан Косовската опозиција употреби солзавец во Собранието

Косовската опозиција употреби солзавец во Собранието

Косовската опозиција повторно активирала солзавец во салата на Собранието кога претседателот на институцијата, Карди Весељи, побара од опозицијата да се изјасни дали сака да присуствува на денешната пленарна седница.

Кога солзавецот беше активиран, тој изјави дека опозицијата „повторно себеси се исклучува од работата на Собранието“, прогласи пауза и го повика претседателството на парламентот на состанок.

Во салата биле присутни и двајца пратеници на опозицијата, Фисник Исмаиљи и Фатон Топали, кои, инаку, се во домашен притвор.
На седницата е предвидено усвојување на буџетот за 2016 година.