Свет Балкан Косовската опозиција одржа собир против етничките поделби

Косовската опозиција одржа собир против етничките поделби

Обединетата косовска опозиција ѝ порача денеска на владата на Косово дека нема да прифати етнички поделби, ниту да подарува територија.

На протест во Гњилане, опозицијата се изјасни дека е против формирањето заедница на српски општини и воспоставувањето демаркациона линија со Црна Гора.

Протестот завршил мирно, а на него присуствувале неколку илјади граѓани.