Свет Балкан Косово: Уапсен осомничен за тероризам

Косово: Уапсен осомничен за тероризам

Полицијата на Косово уапсила етнички Албанец осомничен дека се обидувал да регрутира борци за заминување во Сирија и во Ирак и дека промовирал терористички активности на социјалните мрежи.

Во соопштението од полицијата се вели дека е претресена семејната куќа на осомничениот во селото Хани, како и во селото Хани и Елезит, 65 километри јужно од Приштина, и пронајдени се пушка, пиштол и електронски направи.

Операцијата со кодно име „Ван Дам“ е дел од поширока операција, која е покрената во Италија, каде се уапсени три лица, кои му се заканувале на папата и на поранешниот амбасадор на САД на Косово и кои ги славеле нападите во Париз.