Свет Балкан Косово не влезе во УНЕСКО

Косово не влезе во УНЕСКО

Косово денеска не стана членка на УНЕСКО поради недостиг од гласови на Генералната конференција на организацијата во Париз.

За три гласа, Косово не успеа да ги обезбеди потребните 95 гласа за да стане членка на оваа организација за култура во рамките на Обединети нации. Против гласаа 50 држави, за прием се изјасниле 92, а воздржани биле 29.

Гласањето за прием на Косово следеше откако земјите-членки го отфрлија барањето на Србија за гласањето за членство да се одложи за 2017 година.

Предлогот за членство на Косово го поднесе Албанија, со поддршка на извршниот одбор на УНЕСКО.