Свет Балкан Косово го прогласи Денот на независноста на Албанија за национален празник

Косово го прогласи Денот на независноста на Албанија за национален празник

Косово го прогласи Денот на независноста на Албанија за свој национален празник.

Во соопштението на косовската влада се наведува дека премиерот Рамуш Харадинај го прогласил 28 ноември за „Ден на Албанците, знак на почитување на културните и историските вредности, духот на семејната и на општествената традиција“.

Ваквиот чекор би можел да ги зголеми тензиите со Србија, кои се затегнати од прогласувањето на независност на Косово во 2008 година.

Официјален Белград ги обвинува Косово и Албанија дека се борат за „Голема Албанија“, но Приштина и Тирана ги отфрлаат ваквите тврдења.