Хроника Косово го екстрадираше Алмир Дрпљанин

Косово го екстрадираше Алмир Дрпљанин

Косовската полиција го екстрадираше Алмир Дрпљанин, кој во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на Африм Арифи, припадник на полициските „Алфи“, што го уби пред Природноматематичкиот факултет во Скопје.

Дрпљанин беше уапсен пред две години во Урошевац, а попладневно ѝ беше предаден на македонската полиција.

За убиството на полицаецот, освен Дрпљанин, осудени на доживотен затвор се и Керими Реџаил и Агим Ислами, а на шест години за помагање убиство е осуден Рамадан Шакири. Осудените во ноември 2008 година, на паркиралиштето кај ПМФ истрелале 70 куршуми во автомобил и смртно го раниле Арифи, а негови колеги добиле тешки повреди.

Од МВР подетални информации најавуваат за утре.