Свет Балкан Косово бара дел од наследството на СФРЈ и воена отштета

Косово бара дел од наследството на СФРЈ и воена отштета

Новата косовска влада бара воена отштета и дел од златото од поранешната заедничка држава и воени објекти, пишува „Коха диторе“.

Како што јавуваат приштинските медиуми, новата влада на Косово нема да го условува дијалогот со признавање на суверенитетот, но ќе бара поделба на имотот и воена отштета.

Владата, како што пренесува „Коха диторе“, наместо залагање за признавање на независноста, ќе остане ангажирана на целосно нормализирање на односите со Србија и на продолжување на дијалогот.

Во програмата на владата се наведува обврската за враќање на експонентите и на документите на културното наследство, кое Србија го зеде од Косово, како и враќање на филмовите на „Косовофилм“, но и пензинско-инвалидскиот фонд на жителите. Програмата, исто така, се занимава и со прашања од сукцесијата, каде се бара дел од „богатството“ на поранешна Југославија и меѓународниот долг на Косово, но и одредување на бројот на дипломатско-конзуларните претставништва на поранешна Југославија, воени објекти на поранешна Југославија, како и дел од архивата на некогашната земја.